12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Интер се договори со албанскиот играч за врска, се чека комплетирање на трансферот

Интер е многу блиску до потпис со Кристјан Аслани од Емполи, потврдуваат повеќе италијански медиуми. Нераѕурите постигнале договор за личните услови на фудбалерот за врска, а останува само Емполи да се согласи за висината на трансферот.

Аслани има само 20 години и е талент кој има пет настапи за албанската репрезентација за играчи до 21 година, а уште нема дебитирано за сениорскиот тим. Изминатава сезона во дресот на Емполи одигра 21 меч, а даде и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести