Интер потпиша со играчот кој осум години играше за Наполи

Еден од најдобрите фудбалери на Полска, Пјотр Зјелински во новата сезона ќе го носи дресот на Интер. Од таборот на италијанскиот првак и официјално се пофалија дека потпишаа договор со искусниот, 30-годишнен играч за врска.

Зјелински е како домаќин во Серија А затоа што целата кариера ја поминува во италијанското првенство. Започма во Удинезе во 2012 година, потоа играше како позајмен играч во Емполи, за да од 2016 година се пресели во Наполи.

Цели осум сезони Зјелински го носеше дресот на Наполи, а летово реши дека е време да направи трансфер и го стави потписот на договорот со Интер.

Вкупно 450 меча има одиграно Зјелински за италијанските клубови, а има и 56 голови. За репрезентацијата на Полска настапи на 93 мечеви и има постигнато 12 голови. Тој беше дел и од Европското прбенство во Германија, каде Полска не успеа да ја помине групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести