15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Интер пријави рекордни загуби во историјата на Серија А

Иако ја освоија титулата во Серија А, екипата на Интер пријави рекордни загуби на финансиски план за минатата година бидејќи пријавија минус од 245,6 милиони евра, со што е нов негативен рекорд во Серија А.

Секако, ваквата состојба најмногу се одрази поради кризата предизвикана од корона-вирусот, кој го „осакати“ речиси целиот фудбалски свет.

Интер поради ваквата состојба мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими во Челзи и ПСЖ, а од тие трансфери инкасираше малку повеќе од 170 милиони евра.

Претходно, клуб со најголем минус што пријавил во една сезона беше Јувентус, кој објави дека на финансискиот извештај за 2019/20 сезоната беше во минус од 210 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести