Полскиот фудбалер кој е во роден во Италија, Никола Залевски, за 17 милиони евра се пресели од Интер во Аталанта.
Интер го откупи Залевски пред само два месеци од Рома, откако последната полусезона играше за нив како позајмен. Неговата позиција во тимот се промени откако тренерот Симоне Инѕаги го напушти клубот.
Во Аталанта, Полјакот ќе носи дрес со бројот 59.
Со овој трансфер, раководството на Интер посакува Аталанта да омекне во ставот околу непродажбата на Адемола Лукман, Нигериецот за кој има силен интерес од Нераѕурите.