Италијанскиот првак Интер на свој терен со позитива од 2:1 го чека реваншот против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Нераѕурите победија со 2:1 на гости во Минхен и утре дома треба барем да останат непоразени за да продолжат во полуфиналето.
Интер игра добро, но кога се работи за дуелите против Баерн Минхен на стадионот во Милано, Нераѕурите имаат очаен биланс. Баерн Минхен досега четирипати гостувал на „Џузепе Меаца“ на дуел против Интер и германскиот гигант сигурно очекува оваа низа да продолжи.
Првпат Баерн гостуваше кај Интер во декември 1988 година, во меч од Купот на УЕФА и гостите победија со 1:3. За следното гостување кај Интер, во Баерн Минхен чекаа речиси 20 години. Во 2006 година во меч од групната фаза во ЛШ, Интер дома загуби со 0:2.
И останатите два меча на Баерн на „Џузепе Меаца“ се во Лигата на шампионите. Во февруари 2011 година, Баерн со 1:0 го победи Интер во Милано. Последен пат играа на 7 септември 2022 година, кога Баерн Минхен се радуваше на победа од 3:1.