Милан и Интер играат нерешено 1:1 по првото полувреме во градското дерби на „Сан Сиро“. Двете екипи играат отворено и без многу калкулации, па затоа се затресоа и мрежите на двата тима.
Интер прв се израдува и тоа со голот на Марсело Брозовиќ во 21 минута, но предноста на Нераѕурите траеше кратко.
Во 28 минута, Милан направи добар контра напад, кој со гол го круниса Рафаел Леао.

