34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Интер реши да го следи примерот на Јувентус

Фудбалерите на Интер решија да го следат примерот на своите колеги од Јувентус, па прифатија намалување на платите до крајот на сезоната. Играчите на Нераѕурите без многу приговори се согласиле да има намалување на платите.

Состанокот бил во Милано, а на него присуствувале челниците на клубот, заедно со тренерот Антонио Конте и капитенот Самир Хандановиќ. Постигнат е договор дека со намалување на платите на фудбалерите ќе се намалат расходите на клубот во овој период кога нема натпревари.

Последниот меч Интер го одигра на 9 март, а потоа поради пандемијата со Коронавирусот, сопре целото првенство во Серија А. Засега не се знае колку ќе биде намалувањето на платите, но се очекува фудбалерите да се откажат од платите за периодот во кој нема да играат натпревари.

- Оглас -

Најнови вести