Може да почне типувањето за 29-тото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
На менито од основната понуда се 13 интересни натпревари, кои ќе бидат вистински предизвик за играчите, но и шанса за одлични подароци. Најголем предизвик за играчите ќе биде да се погоди со каков исход ќе завршат мечевите Барселона – Реал Мадрид (ова е финале на Купот, па се смета резултатот кој ќе биде по регуларните 90 минути) и Ривер плејт – Бока јуниорс.
Колото почнува со два меча од Бундеслигата, во 15.30 часот и тоа е терминот до кој може да се вклучите со ваши прогнози. На списокот е и дербито Интер – Рома, но поради погребот на Папата в сабота, тој меч е одложен, но можно е да се игра еден де подоцна, в недела.
Неколку меча ќе се играат в понеделник, па резултатите и евентуалните добитници на подароци ќе треба да се чекаат три дена.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Треба да се типува и на резервните двојки се бројат во генералниот пласман, а во ова коло резервниот пар Брајтон – Вест Хем влегува во главната 13-ка на местото на Интер – Рома.