Интер рутински го реши Удинезе и се врати на врвот на табелата во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер рутински го совладаа Удинезе со 4:0 во 15-то коло во Серија А и се вратија на лидерската позиција на табелата. Нераѕурите по 15 кола имаат 38 бода, два повеќе од Јувентус кој во петокот го победи Наполи со 1:0, а дури девет од третопласираниот Милан.

Интер дилемите околу победникот ги реши за само седум минути, од 37-та до 44-та кога постигна три гола за 12 триумф сезонава.

Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу со голот од пенал, а потоа во 42-та минута, турскиот репрезентативец му асистираше на Димарко за 2:0. Третиот гол беше дело на Маркус Тирам во 44-та минута.

 

Конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинес во 84-та минута со неговиот 14-ти гол сезонава.

- Оглас -

Најнови вести