Интер сака да го купи незадоволниот Арда Ѓулер од Реал

Арда Ѓулер, турскиот фудбалер кој во 2023 година премина во Реал Мадрид од Фенербахче за 20 милиони евра, изрази незадоволство поради ограничената минутажа во шпанскиот клуб. Оваа сезона постигна три гола и забележа пет асистенции, но вкупно одигра само 92 минути.

Поради сегашната ситуација, Ѓулер размислува за можноста да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок за да најде клуб каде што ќе има поголема минутажа. Според извештаите, неколку германски клубови, вклучително и Ајнтрахт Франкфурт и Лајпциг, покажале интерес за него.

Сепак, Гулер и неговите претставници сметаат дека премин во Италија би бил попогоден за неговиот развој, наведувајќи го како пример Кенан Јилдиз, кој игра значајна улога во Јувентус.

Претседателот на Интер, Бепе Марота, ја препознал ситуацијата и покажал интерес за доведување на Ѓулер, но засега нема потврда за конкретни преговори меѓу Интер и Реал Мадрид.

Покрај тоа, Ливерпул исто така покажал интерес за Арда Ѓулер, подготвен да понуди 70 милиони евра за негов трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести