Интер сака да ја купи новата ѕвезда на Болоња

Интер покажува сериозен интерес за напаѓачот на Болоња, Сантијаго Кастро, објавија италијанските медиуми. Дваесетгодишниот Аргентинец се наметна како важен дел од составот на тренерот Винченцо Италијано оваа сезона.

„Нераѕурите“ веќе подолго време ги следат настапите на офанзивниот фудбалер и се очекува наскоро да преземат конкретни чекори за негово ангажирање.

Оваа сезона Кастро одигра 22 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и забележа шест асистенции. Тој може да игра како централен напаѓач, но исто така и на крилните позиции.

Болоња го ангажира Сантијаго Кастро на почетокот на годината од Велес Сарсфилд. Неговиот договор со клубот трае до летото 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести