Интер ќе се обиде во летниот преоден рок да ги доведе Алесандро Флоренци и Емерсон Палмиери. Двајцата дефанзивци се на листата на тренерот Антонио Конте, кој полека ги започна подготовките и за следната сезона.
Поранешниот капитен на Рома сезонава игра како позајмен играч во Пари Сен Жермен и секако францускиот првак има опција да му понуди договор на Флоренци. Сепак, ако Светците не сакаат да го задржат или ако не се договорат за откупната клаузула, Флоренци на крајот од сезонава ќе се врати во Рома. Неговиот договор со Римската волчица е до јуни 2023 година.
Конте се интересира и за Еверсон од Челзи затоа што италијанскиот стратег бара фудбалер што ќе игра добро по левата страна, каде што моментно е Ешли Јанг. Англичанецот речиси сигурно ќе си замине од „Џузепе Меаца“ на крајот од сезонава.
Un occhio al #calciomercato: l’#Inter punta Emerson e #Florenzihttps://t.co/Z2ER6evXzZ
— Bandiera Inter (@BandieraInter) April 16, 2021

