14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Интер сака да си го смени главниот спонзор

Италијанскиот фудбалски гигант Интер се надева дека може да добие попрофитабилен спонзорски договор за правото на простор на предната страна на дресот и сака да ја раскине соработката со компанијата за автомобилски гуми „Пирели“. Договорот на Интер со „Пирели“ е вреден 12 милиони евра на годишно ниво, плус уште седум за пласман во Лигата на шампионите, но ова не ги задоволува потребите на раководството на клубот од Милано.

Интер сака да најде нов главен спонзор од кој би имал приходи од 25 до 30 милиони евра годишно. Се шпекулира дека „Пирели“ ќе биде заменет со „Самсунг“, компанија со која кинеските сопственивци на Интер имаат блиски врски. Во комбинација е и „Евергранд“, уште еден стратешки партнер на семејството Џанг.

Колку и да добие Интер од новиот спонзор, сепак нема да има договор како оној на Јувентус со „Џип“. Јуве добива 42 милиони евра годишно.

 

- Оглас -

Најнови вести