Италијанскиот гигант Интер е на чекор од доведување на ѕвездата на Аталана, Адемола Лукман. Нераѕурите веќе ги има договорено личните услови со фудбалерот и сега се чека само да се добие зелено светло од Аталанта за да се реализира овој трансфер.
Лукман е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А во последните неколку сезони. Тој пристигна во тимот од Бергамо во 2022 година и за три сезони одигра вкупно 117 натпревари, во кои постигна 52 гола.
Откако дојде во Аталанта, Лукман стана и репрезентативец на Нигерија, а во репрезентативниот дрес одигра 29 меча, во кои постигна осум гола.
Интер веќе подолг период се интересира за Лукман. Сега, откако Нераѕурите ги договорија личните услови со фудбалерот, за реализација на трансферот потребно е да се добие дозвола и од Аталанта. Интер е подготвен да освои 40 милиони евра за доведување на Лукман, па од Аталанта во следниот период треба да одговорат дали тоа е прифатливо за нив.