Интер се изнашутира пенали во последно време, продолжува со победи

Актуелниот италијански првак Интер ја совлада Специја со 2-0 и продолжи да врши притисок врз лидерот во Серија А, Наполи, кој има еден бод плус и еден меч помалку.

Пред мечот, публиката во Милано го поздрави гостинскиот тренер Тијаго Мота, кој играше за Интер во славните денови, кога тимот беше европски првак.

Гаљардини погоди за 1-0, а конечните 2-0 ги постави Лаутаро Мартинес од белата точка. За Интер ова беше петти досуден пенал во последните четири кола. Ова е прва серија на Интер од три победи по ред откако тренер им е Симоне Инѕаги.

Во другиот меч кој почна во 18.30 часот, Болоња беше поуспешна од Рома со 1-0. За тимот на тренерот Жозе Мурињо ова е шести пораз сезонава. Во следното коло, Рома го пречекува Интер, клубот со кој Мурињо пред 11 години ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести