Интер се израдува за првпат во 2019 година

Интер им се врати на победите по два последователни порази, па со минимални 1-0 славеше на гости кај Парма. Конечно по три одиграни кола во 2019 година, „нероаѕурите“ запишаа три бода, а воедно ја остварија 13-тата победа во Серија А.

Средбата ја реши младиот Лаутаро Мартинез, откако гостите од Милано се мачеја да ја затресат мрежата до 79-тата минута.

Интер по 23 меча стои на третото место на табелата со 43 бода, девет помалку од второпласираниот Наполи (52), додека Парма го претрпе 10-от пораз и со 29 бода стои на 12-тото место.

https://www.dailymotion.com/video/x724rwn

- Оглас -

Најнови вести