Интер се мачеше со инаетливите „летечки магариња“, но ја оствари целта

Интер го совлада Киево рутински и со три бода вредни 2-0, па се врати на третата позиција во Серија А и на две кола до крајот, има убави четири бода предност пред екипите кои би можеле да го спречат да се пласира во Лигата на шампионите.

За Интер во вистински момент заврши низата од три нерешени резултати, но пласманот во ЛШ ќе треба да се завери во последните две кола, во кои „нераѕурите“ имаат тешки мечеви – гостување кај вториот Наполи и дома дуелот со Емполи, кој грчевито се бори за опстанок.

Стрелец за Интер во првото полувреме вечерва беше Матео Политано, кој има 25 гола во Серија А и тие му се рамномерно распоредени. Во четирите сезони, Политано секогаш дава барем по пет гола. Триумфот го потврди Иван Перишиќ во 86-тата минута. Хрватот има седум гола на седум настапи против „летечките магариња“ и веројатно нему му е најмногу криво што нема да игра против нив во следната сезона бидејќи му се омилена жртва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести