Интер се надеваше на тројна круна, но може да остане и без трофеј

Откако Интер испадна од Милан во Купот на Италија, се уништи сонот за тројна круна сезонава, а сега постои реална опасност за актуелниот италијански првак да остане и без ниту еден од трофеите кои ги брка(ше).

Во Лигата на шампионите играат полуфинале против фаворизираната Барселона која игра одлично сезонава. Интер утре игра лигашки меч со Рома и ќе има помалку време за одмор од Барса која вечерва игра финале на Купот на Шпанија против Реал.

Во италијанското првенство на пет кола до крајот, Интер е во мртва трка со Наполи, двата тима имаат ист број бодови, но Наполи е во предност поради заморот кај Интер. Екипата на Интер сезонава одиграла дури 15.000 минути повеќе од Наполи кој не учествуваше во европските купови и суперкупот на Италија и фокусиран е само на домашната лига. Плус тоа, ако се погледне распоредот, Наполи има многу полесни мечеви од Интер.

Инаку од Интер најавија дека сакаат да му го продолжат договорот на тренерот Симоне Инѕаги, дури и ако не освојат трофеј.

- Оглас -

Најнови вести