Интер и Фиорентина играа вторпат во само пет дена и повторно во првенствен натпревар. Откако во четвртокот Фиорентина победи со 3-0 во Фиренца во продолжение од прекинатиот меч од есенскиот дел, во Милано победи Интер со 2-1.
Домашните дојдоа во водство со автоголот на хрватскиот интернационалец Марин Понграчиќ, кој неспретно реагираше после еден корнер. Сепак, на една минута пред крајот на првото полувреме Фиорентина израмни преку Роландо Мандрагора од пенал.
Победата за Интер ја донесе Марко Арнаутовиќ во 52-рата минута.
Интер со оваа победа дојде до 54 бода и сега има само еден помалку од лидерот Наполи после 24 одиграни натпревари.