Интер има мака со ангажман на напаѓач, а веројатно пропаднаа сите напори да се ангажираат прво Ромело Лукаку, а и Един Џеко.
Рома не сака да го пушти репрезентативецот на БиХ пред да му најде замена, а со Лукаку работата исто така е комплицирана. Манчестер јунајтед не ја спушта високата цена за отштета од 80 милиони евра, а Интер нема намера да плати толку пари за белгискиот репрезентативец, па сега алтернатива станува Единсон Кавани.
Уругваецот има уште една година валиден договор со ПСЖ, но сака да си замине и според проценките, цената на трансфер-пазарот му е околу 40 милиони евра, што е прифатливо за Интер.
ПСЖ пред шест години плати за Кавани 65 милиони евра, а веројатно е дека популарните „светци“ би прифатиле понуда од околу 40 милиони евра за да го продадат одличниот уругвајски репрезентативец.