Интер се предаде – Лукаку е недостижна цел, сега Запата е во комбинација

Интер по долги преговори и договори се откажува од трката за ангажман на Ромелу Лукаку, па прва цел како засилување за напаѓачкиот дел сега е Дуван Запата.

Нероаѕурите веќе испратија понуда до Аталанта за вториот стрелец во ланската сезона во Серија А. Интер нуди 60 милиони евра за Колумбиецот плус и играч, а ако се договори со клубот од Бергамо, таму ќе замине Матео Политано.

Запата одигра брилијантна сезона во Калчото и со 23 голови беше втор стрелец, зад ветеранот Фабио Квалјарела, а имаше и 7 асистенции.

Лукаку долго време беше топ-приоритет на Управата на Интер, но се случи пресврт, па сега белгискиот репрезентативец е блиску до преселба во Торино, во редовите на шампионот Јувентус, а се калкулира со замена за Паоло Дибала, кој би заминал во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести