Горан Пандев како тинејџер замина во Италија и потпиша за Интер во 2001 година. Сепак, требаше да поминат години во кои Пандев ја докажа својата вредност и по настапите во Специја, Анкона и Лацио, на 4 јануари 2010 година, Интер реши да го врати Македонецот на „Џузепе Меаца“.
Популарниот Гоче се покажа како вистинско засилување за тимот и со своите добри игри и голови, помогна „нераѕурите“ да станат италијански, европски, а потоа и светски прваци. Девет години по доаѓањето на Пандев во Интер, италијанскиот гигант се присети на тој момент и посвети видео за Македонецот. Пандев сезонава е дел од тимот на Џенова.