Интер сензационално договорил играч на Баерн кој има девет титули во Бундеслигата!?

Давид Алаба, универзалниот дефанзивец на Баерн Минхен, може да направи сензационален трансфер во Интер. Ова го тврди италијанскиот агент Иван Реџијани, кој низ годините покажал дека има добри информации за трансферите на фудбалерите.

Алаба беше поврзуван со шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, но според Реџијани, луѓето на австрискиот репрезентативец постигнале договор со Интер.

„Имам информација дека агентот на Алаба се договорил со Интер. Фудбалерот ќе биде дел од Интер за следната сезона“, вели Раџијани за „Калчомеркато“.

И други италијански медиуми шпекулираат дека Интер ќе добие квалитетно засилување во летниот преоден рок. Алаба уште од тинејџерските денови е во Баерн, каде што помина повеќе од 10 години. Како дел од германскиот гигант, Алаба има освоено девет титули во Бундеслигата.

Актуелниот договор на Алаба со Баерн истекува на крајот од следната сезона, што значи дека доколку фудбалерот не сака да ја продолжи соработката, баварскиот гигант ќе треба да го продаде ова лето за да може да заработи добра сума пари од неговиот трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести