Интер шокиран во 93 минута од Монца, веќе нема тим без нерешено во Топ 5 лигите

Интер беше на прагот од победа на гостувањето кај Монца, но на крајот фаворитот мораше да се задоволи само со еден освоен бод, во дуелот кој заврши 2:2. Нераѕурите водеа со голот на Дармијан во 10 минута, но Монца веќе во следниот напад израмни на 1:1.

Интер повторно стигна до водство, овојпат од 2:1, со голот на Лаутаро Мартинез во 22 минута, резултат кој беше до самиот финиш на средбата. Се играше 90+3 минута кога Калдирола погоди за Монца и донесе голема радост за домашните фанови.

За Интер ова е прв реми сезонава и со тоа веќе нема клуб во Топ 5 лигите без нерешен резултат.

- Оглас -

Најнови вести