Интер си кажа што бара од Барселона за Лаутаро

Барселона е решена да го доведе Лаутаро Мартинес, напаѓачот на Интер кој му е сонародник на Лионел Меси, и клубот од Милано сака да го искористи тоа и да извлече максимум од Каталонците. Нераѕурите немаат намера да го продадат својот шпиц во Барса доколку шпанскиот првак не им плати 85 милиони евра, плус да им го даде левиот бек Жуниор Фирпо, кој е проценет на 26 милиони евра.

Интер го продава Лаутаро за 111 милиони евра, а ако Барса нема толку пари, тогаш може да се откаже од Фирпо и да плати 85 милиони евра. Барселона нудеше 65 милиони плус Фирпо, што е разлика од 20 милиони евра, па ако останат на тоа, можеби ќе треба да дадат уште еден поевтин играч. Во Барса сметаат дека Фирпо вреди повеќе од 26 милиони.

Преодниот рок во Европа годинава ќе трае до 5 октомври и ценкањето веројатно ќе потрае. Лаутаро сака да оди во Барселона, но патот дотаму ќе биде полн со пречки од неговиот актуелен клуб Интер.

- Оглас -

Најнови вести