Интер сигурно чекори кон титулата, ја растури и Аталанта

Фудбалерите на Интер продолжуваат со одличните игри и вечерва во заостанатиот натпревар од 21-вото коло со убедлливи 4:0 ја совладаа Аталанта.

Резултатот го отвори Матео Дармијан во 26-тата минута, и во последните моменти од првиот дел, Лаутаро Мартинес погоди за 2:0.

Во второто полувреме, Нераѕурите постигнаа уште два гола преку Федерико Димарко и Давиде Фратези, а Мартинес во 54-тата минута не успеа да го реализира ударот од белата точка.

Ова беше 22-ра победа за Интер во Серија А и сигурно чекори кон титулата, Нераѕурите имаат 69 бода, дури 12 повеќе од второпласираниот Јувентус. Аталанта остана на петтото место со 46 бода.

- Оглас -

Најнови вести