Интер сигурно чекори кон титулата, во Дербито на Италија го надигра и го победи главниот конкурент за трофејот (Видео)

Дербито на Италија им припадна на фудбалерите на Интер кои со 1:0 го совладаа Јувентус во дуелот на двете најдобри екипи во Серија А.

Нераѕурите по триумфот имаат 57 бода, четири повеќе повеќе од Јувентус, а згора над тоа имаат и натпревар помалку во однос на главниот конкурент за титулата во Серија А.

Фудбалерите на Интер беа подобар тим на „Џузепе Меаца“, имаа повеќе од играта, повеќе корнери, повеќе шутеви и создадоа повеќе шанси за гол.
Но, голот кој го одлучи победникот го постигна играч на Јувентус, Федерикот Гати во 37-та минута.

Гати во обид да ја исфрли топката од петерецот на Војчех Шчешни пред Маркус Тирам, ја смести во сопствената мрежа.

Интер во второто полувреме имаше уште неколку одлични шанси за да дојде до поубедлив триумф. Хакан Чалханоглу во 57-та минута ја погоди стативата, потоа Шчешни во 69-та минута го одбрани шутот на Николо Барела, а во финишот со одлична интервенција не му дозволи на Марко Арнаутовиќ да постигне гол.

Интер и во следниот меч го чека дерби пресметка, ќе игра на „Олимпико“ против Рома, додека Јувентус пред своите гледачи ќе игра против Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести