Интер со гол од пенал останува во трка за титулата (Видео)

Интер се намачи во дуелот против Верона, но на крајот победи со 1:0 и ги освои трите посакувани бода, во меч од 35 коло во Серија А. Со овој триумф, Нераѕурите ја прекинаа мини-кризата од два порази во домашното првенство, поради кои и ја загубија челната позиција на табелата.

Интер сега има 74 бодови, три помалку од лидерот Наполи. До крајот на првенствто има уште три кола.

Клучниот момент на дуелот беше на почетокот кога во деветата минута беше досуден пенал за Интер. Албанскиот интернационалец Кристијан Аслани ја презеде одговорноста и погоди од белата точка.

Posts from the soccer
community on Reddit

Интер на овој меч воо стартниот тим беше без неколку стандардни првотимци кои добија можност да одморат пред реваншот против Барселона во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести