15.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Интер со историски подвиг по победата над Каљари

Интер продолжува победнички во новата сезона во Серија А откако на гостински терен славеше над Каљари. Нераѕурите уште во првата третина од мечот ги решија сите дилеми со погодоците Думфрис и Мартинез.

Покрај Интер, само уште Милан, Наполи и Верона имаат максимални шест бода од првите две кола. За Нераѕурите веќе станува традиција добро да започнува на стартот од ново првенство.

Ова е петта сезона по ред во која Интер отвора со две победи во низа. Никогаш претходно во повеќе од 120-годишната историја на клубот не се случило Нераѕурите да имаат пет сезони по ред во кои победувале во првите две кола.

- Оглас -

Најнови вести