20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Интер со „петарда“ во мрежата на Торино на стартот од Серија А (Видео)

Интер во голем стил ја отвори новата сезона во Серија А и ја забележа најубедливата победа на стартот. Избраниците на Кристијан Киву со убедливи 5-0 славеа на домашен терен над Торино и се лидери по првото коло со најдобра гол-разлика.

Маркус Турам беше стрелец на два гола, а по еднаш погодија Алесандро Бастони, Лаутаро Мартинес и Анж-Јоан Бони. Победникот беше решен многу рано, уште во првото полувреме, после кое Интер веќе имаше водство од 2-0.

- Оглас -

Најнови вести