Интер со подвиг кој во последните 95 години му успева само четврти пат

Интер се пласира во финалето на италијанскиот Суперкуп откако со 2:0 славеше над Аталанта на дуелот во Ријад, Саудиска Арабија. Нераѕурите во второто полувреме го скршија отпорот на тимот, кој им е голем ривал во првенството, кога Дамфрис постигна два гола.

Аталанта, која игра одлично сезонава, едноставно нема противигра кога на спротивната страна за ривал го имаат Интер. Тимот од Бергамо седми пат по ред губи од Интер во сите натпреварувања.

Од друга страна, Интер игра одлично. Тимот на Симоне Инѕаги има пет победи по ред во сите натпреварувања и во сите тие пет триумфи немаат примено ниту еден гол. Беа победени Лацио (6:0), Удинезе (2:0), Комо (2:0), Калјари (3:0) и сега против Аталанта (2:0).

Ова е само четврти пат во клупската историја, односно од сезоната 1929/30 досега, Интер да има пет победи по ред без да прими ниту еден гол. Тоа се немаше случено од ноември/декември 2007 година, кога Интер имаше шест победи по ред без да прими ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести