Интер потврди дека Николо Барела има истегнување на мускул во бутот и дека следната недела ќе се направи нова контрола, а италијанските медиуми објавија дека плејмејкерот ќе се врати на теренот по репрезентативната пауза во октомври.
Барела се повреди на градското дерби против Милан и беше повлечен од игра во 74-тата минута.
Ова значи дека Барела нема да игра на наредните барем три меча за Интер во Серија А (против Удинезе и Торино) и Лигата на шампионите (против Црвена ѕвезда), ниту за селекцијата на Италија во октомвриските средби од Лигата на нациите.