33.8 C
Skopje
сабота, 30 август 2025

Интер вака блеснал само еднаш претходно во клупската историја

Екипата на Интер со сигурни чекори граби кон титулата во италијанското првенство. Нераѕурите со 2:0 го победија Емполи откако фаворитот постигна по еден гол во двете полувремиња.

По овој триумф, Интер стига до 79 бода, дури 14 повеќе од второпласираниот Милан.  По 30 одиграни средби, Интер има биланс од 25 победи, четири нерешени и само еден пораз.

Во повеќе од едновековната историја, Интер немал ваков биланс, а тоа е да има 25 победи во првите 30 дуели. Претходно Нераѕурите тоа го направиле во сезоната 2006/07 година, кога беа под водство на Роберто Манчини и стигнаа до трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести