Интер сезонава едноставно не може да најде решение за играта на градскиот ривал Милан. Во реваншот од Купот на Италија, Милан во улога на гостин убедливо со 3:0 го победи Интер и се пласира во финалето.
Ова беше петти меч сезонава меѓу градските ривали, а Милан стигна до третата победа, додека двапати беше нерешено. Интер успеа да остане непоразен само на еден меч од првенството, кога беше 1:1, а со истиот резултат заврши и првиот меч од Куп-пресметката. Милан славеше еднаш во Серија А, и тоа со 2:1, потоа во финалето на Суперкупот со 3:2 и сега со убедливи 3:0 во реваншот од Купот.
По оваа елиминација, Интер ја загуби шансата да се бори за тројна круна сезонава. Нераѕурите се лидери во првенството, а играат и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, елиминацијата од Купот значеше крај за нив за освојување на трипла.
Со ваква шанса за тројна крупа се само уште два клуба во Европа, а тоа се Барселона и Пари Сен Жермен. Каталонскиот гигант е лидер во шпанското првенство, ќе игра финале во Купот, а е дел и од полуфиналето во Лигата на шампионте.
ПСЖ веќе ја освои титулата во првенството, се бори за трофејот во Купот, а е дел и од полуфиналето во Лигата на шампионите.