19.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Интер верува во него: Инѕаги го продолжи договорот со Нераѕурите

Симоне Инѕаги ќе остане да биде тренер на Интер барем уште една сезона откако италијанскиот стратег денеска ја продолжи соработката со Аѕурите до 2025 година.

Инѕаги седна на кормилото на тимот од Ломбардија во јуни 2021 година и успеа во клупските витрини да донесе две титули од Купот на Италија (2022 и 2023 година) и два пехари во Суперкупот (2021 и 2022 година). Интер пред неколку месеци играше и во финалето на Лигата на шампионите, но не успеа да го освои трофејот откако со 1:0 загуби од Манчестер сити.

„Миланскиот Интер со задоволство објавува дека го продолжува договорот со својот тренер Симоне Инѕаги, кој сега е обврзан до јуни 2025 година“, стои во краткото соопштение на Интер.

Пред да дојде во Интер, Симоне Инѕаги, кој е брат на прославениот голгетер Филипо Инѕаги, беше тренер во Лацио, и тоа во периодот од 2016 до 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести