Неверојатни вести стигнаа од Италија. Тренерот на Интер Антонио Конте, добил смртни закани од непознати сторители. На негова адреса пристигнало плико кое содржело заканувачко писмо и куршум, како знак дека животот му е во опасност.
Италијанскиот стратег веднаш ги предупредил челниците на клубот и случајот го пријавил во полиција. Надлежните органи веднаш започнаа со истрага со цел да се најде одговорниот за овие закани. Кои се причините за овие закани, засега не е познато.
Во меѓувреме, полициски службеници 24/7 го обезбедуваат имотот на Конте и неговото семејство, додека засилено е обезбедувањето во тренинг кампот на Интер.