Интер во шок: играч кој го позајмија во Емполи им даде гол, и го доближува Милан до титула!

Емполи како гостин води против Интер со шокантни 2-1 во финишот на првото полувреме од овој многу важен меч од Серија А за Сино-црните од Милано.

Ако Интер загуби, веројатно ќе се прости од титулата, а уште поголем е шокот кај нив затоа што стрелец на првиот гол за Емполи е Андреа Пинамонти, кој е дете на Интер и играч кој во Емполи игра како позајмен токму од Интер.

На 2-0 зголеми Албанецот Аслани, па Интер беше во голема неволја.

Емполи првпат дава два гола на „Џузепе Меаца“, а постигна и трети, но беше поништен поради офсајд. Снимка во ВАР собата се гледаше и за два можни пенали за Интер, но актуелниот италијански првак не доби ниту еден шут од 11 метри.

Интер даде гол и намали на 1-2 во 40-та минута со автогол на Ромањоли, но на домашните им требаат уште два гола за пресврт и неопходна победа.

- Оглас -

Најнови вести