Интер до врв ја наполни мрежата на Рома и покажа кој е кој во Италија (Видео)

Интер и Рома одиграа вистинска голеада на „Џузепе Меаца“ во која бодовите му припаднаа на лидерот на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ немаа милост за „римската волчица“ и славеа со 5-2, а резултатот беше отворен уште во првата минута, откако Лаутаро Мартинес погоди по само 59 секунди.

Гостите преку Манчини израмнија на 1-1 во 40-тата минута, но гостите на паузата заминаа со предност.

За водство на домашните на паузата се погрижи Чалханоглу во втората минута од продолжението на првиот дел.

Во второто полувреме беа постигнати уште четири гола, од кои три во мрежата на Рома.

Лаутаро Мартинес во 52-рата, Турам во 55-тата и Барела во 63-тата минута донесоа убедливи 5-1 за Интер.

На 5-2 намали Пелегрини во 70-тата минута, но тоа беше се што можеа да направат гостите од главниот град на Италија.

Интер е лидер во Серија А со 72 бода, девет повеќе од Милан, кој во понеделник игра дуел против Наполи и ќе има можност со победа да се врати на минус шест.

- Оглас -

Најнови вести