Екипата на Интер втор меч по ред на домашен терен во Серија А ги разочара фановите. Откако пред две недели загуби од Сасуоло со 1:2 иако имаше водство од 1:0, денеска Нераѕурите повторно непријатно ги изненадија своите фанови. Против Болоња, Интер имаше предност од 2:0, а на крајот средбата заврши со 2:2.
Фуриозно започнаа домаќините и со головите на Франческо Ацерби и Лаутаро Мартинез имаа два гола предност по само 13 минути игра. Посебно добар беше погодокот на Лаутаро кој може да го видите ТУКА.
Сепак, Болоња не се предаде и со голот на Орсалини во 19 минута, намали на 1:2, што беше и резултат по првиот дел. На почетокот на второто полувреме Болоња повторно ја матираше домашната одбрана и стигна до 2:2. Интересно е дека за Интер ова е прв нерешен резултат на домашен терен во првенството по пауза од една ипол година. Тие немаа одиграно реми на свој терен уште од 19 март минатата година кога дуелот против Фиорентина заврши 1:1.
Интер сега има 19 бодови од осум меча и е прв на табелата, но Милан ќе има шанса ако вечерва слави на гости кај Џенова, Росонерите да бидат нови лидери во Серија А.\