Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, наскоро би требало да потпише нов договор со Нераѕурите, објавија италијанските медиуми.
Интер игра одлично сезонава, лидер е на табелата во Серија А и прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, по што тренерот ќе биде награден со нов договор.
Актуелниот договор на Инѕаги истекува идното лето, а со новиот договор би останал на клупата на Интер до 2027 година.
Тој во Интер дојде во 2021 година и досега освои пет трофеи, два Купа на Италија и три италијански Суперкупа.
Минатата сезона со Интер играше во финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Манчестер сити (0:1), а сезонава беше елиминиран уште во осминафиналето од Атлетико Мадрид.