Интер за првпат во својата историја даде 100 лигашки голови во една календарска година

Интер по првото полувреме води со 2-0 на гостувањето кај немоќната Салернитана која ја мачат многу проблеми, а вториот гол на Нераѕурите беше нивен 100-ти годинава во Серија А, со што поставија клупски рекорд.

Интер им се придружи на Милан, Торино и Јувентус, како клубови кои дале сто голови во една иста година. Италијанскиот рекорд го држи Милан со 120 гола во 1950 година.

Првиот гол беше дело на Перишиќ, по добро изведен корнер на Чалханоглу, а на безбедни 2-0 зголеми Думфрис. Во почетниот состав на Интер има четворица фудбалери од поранешна Југославија и статистички прилично голема беше веројатноста некој од нив да даде гол.

- Оглас -

Најнови вести