28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Интер заборави како се победува во Лигата на шампионите

Италијанскиот шампион Интер одигра само 0:0 на гостувањето кај Шахтар во второто коло од групата Д во Лигата на шампионите.

Нераѕурите и во вториот меч не успеаја да ја затресат мрежата, а ако се смета и минатата сезона, ова е трет меч за нив без постигнат гол, а интересно е што Шахтар одново беше пречката.

Интер имаше неколку добри шанси кои не успеа да ги искористи. Најпрвин преку Барела во 15-тата минута ја погоди пречката, додека, неколку моменти подоцна, Един Џеко само од неколку метри успеа да го промаши голот.

Во второто полувреме, гостите повторно одиграа под можностите и не го затресоа голот на Шахтар, кој пак својата шанса ја чекаше преку контранападите.

Во вториот меч од овој термин, Ајакс беше убедлив против Бешикташ со 2:0, со головите на Бергвајн и Але.

- Оглас -

Најнови вести