Милан и Интер одиграа без голови во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија. Двата тима тактички беа повеќе фокусирани да не примат гол, па на крајот мрежите на двата тима мируваа.
Милан имаше повеќе упатени шутеви, но Интер изведе повеќе корнери, а и малку повеќе ја имаа топката во свој посед.
За Интер ова е веќе четврти натпревар во низа на кој нема постигнато погодок. Освен ова реми без голови, претходно одиграа 0:0 и против Џенова, а дома губеа со 0:2 од Сасуоло во Серија А и од Ливерпул во Лигата на шампионите.
Последен пат Нераѕурите погодија против Наполи, кога Един Џеко израмни на 1:1. Од тој гол поминаа повеќе од 400 минути во кои Интер нема дадено гол. Фудбалерите на Интер шутнаа дури 69 пати кон противничките голови, но не погодија ниту еднаш.

