Интер загуби кај Болоња и веќе може да се прости од титулата (Видео)

Болоња победи минимално со 1:0 против Интер, во меч од 24. коло во Серија А, резултат на кој освен домашните навивачи, најмногу се радуваа и фановите и играчите на Наполи.

Со овие три бода Болоња стигна до 35 бодови и е на седмото место на табелата, додека Нераѕурите останаа втори со 47 бодови, но сега имаат огромни 18 бода заостанување зад лидерот Наполи.

Во првото полувреме Болоња даде гол, но по ВАР проверката беше поништен поради офсајд. Домаќините не се разочараа и продолжија офанзивно, а тоа им се исплатеше во 76 минута. Орсолини погоди за 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести