Пандемијата предизвикана од Коронавирусот направи многу големи штети во сите сфери на живеењето. Една од најпогодените гранки е спортот, каде традиционално се вртат милиони евра. Италијанскиот калчолигаш Интер направил пресметки кои не покажуваат позитивини резултати.
Во изминативе девет месеци, приходите на Интер се паднати од 270 милиони евра, на 240 милиони евра. На овој пад на приходите најголемо влијание имаше Коронавирусот, затоа што е намален ефектот на приходите од спонзорите, немањето публика на стадионите, како и купувањето на разни сувенири на фановите на делот на мечот.
Од друга страна, расходите на Интер се зголемени за дури 73 милиони евра. Најголема ставка е на трансферите на новите играчи и нивните плати кои ги добиваат. Заклучно со 31 март, загубите на клубот изнесуваат точно 103,5 милиони евра.
Ова сигурно нема да му се допадне на тренерот Антонио Конте кој се надеваше на доведување на неколку квалитетни играч за да може да го брка Јувентус во походот кон титулата.