Интересен предлог за мечевите од ЛШ и Лигата на Европа

Европската фудбалска куќа (УЕФА) откри дека разработува повеќе планови за тоа како да се заврши сезоната во Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Една од опциите е да се организира турнир во еден град, каде што би се одиграле сите средби од четвртфиналето, полуфиналето и финалето во ЛШ.

Првичниот план е финалето да се игра во Истанбул, но постои опција трофејот да се додели и на друг стадион. Како опција е градот Лисабон, кој ги има стадионите „Луж“ и „Жозе Алваладе“, кои ги исполнуваат барањата на УЕФА.

Сите осум клуба кои би биле дел од четвртфиналето, би биле сместени во Лисабон, а на двата модерни стадиони би ги играле натпреварите на кои сите клубови ќе бидат во улога на гости, односно се работи за неутрален терен.

Во четвртфиналето место обезбедија Атлетико Мадрид, Пари Сен Жермен, Аталанта и Лајпциг, а се чека да се доиграат четири реванш-дуели во осминафиналето, и тоа меѓу: Јувентус – Лион (0:1 за Лион по првиот меч), Манчестер сити – Реал Мадрид (2:1 по првиот меч за Сити), Барселона – Наполи (1:1 заврши средбата во Неапол) и Баерн Минхен – Челзи (3:0 има предност германскиот гигант).

Во Лигата на Европа има поголем број мечеви кои треба да се доиграат, а и за ова натпреварување постои слична опција.

 

- Оглас -

Најнови вести