Интересна анегдота: Пеле со топка му скршил прст на Силвестер Сталоне!

По веста за смртта на бразилската фудбалска икона Пеле, стана вирална приказната на популарниот американски актер Силвестер Сталоне, кој раскажа како Пеле со топка му скршил прст на раката за време на снимање на филмот од 1981 година, „Бегство во победа“, каде што се зборува за фудбалски меч помеѓу сојузнички затвореници и нацистички тим.

„Уф, каков удар добив. Уште имам скршен прст од обидот за блокирање на пеналот на Пеле. Тој носеше чевли од Втората светска војна кои имаа челични врвови, а топката беше како топовско ѓуле. Беше двојно подебела и потешка од денешните фудбалски топки“, изјави Сталоне во 2013 година.

„Пеле ми најави точно каде ќе шутне. Јас бев во тој агол, но топката помина со голема брзина покрај мене и заврши во гол, не стигнав ни да се поместам. Потоа го повтори истото, топката ми го закачи прстот, ја скина мрежата и удри во прозорец од бараката покрај која го снимавме филмот“, се присети Сталоне.

- Оглас -

Најнови вести