Вечерва во кошаркарската Евролига се играат четири натпревари, а според квотите во Sport Life, фаворити за победа на два меча се домашните екипи, додека на два меча би требало да слават гостите.
Најчист кец треба да биде на Панатинаикос – Басконија. Ако загуби шпанскиот тим, таму најверојатно ќе дојде до смена на тренерот и на клупата ќе седне Душко Ивановиќ, кој пред неколку дена беше избркан од Црвена ѕвезда.
Доста голем фаворит е и Жалгирис, кој во Каунас ја пречекува Валенсија. По четири кола, двата тима имаат скор 3-1, па ова е и своевидно дерби.
Гостите се фаворити на дуелите Асвел – Виртус Болоња и Баерн – Фенербахче, но квотите за победа на гостите се големи и не може со сигурност да се каже дека ќе се радуваат италијанскиот и турскиот тим.
Асвел е единствен тим без победа во Евролигата сезонава, па ќе имат мотиви да ја прекине црната серија, но нема да биде лесно против Виртус, кој има низа од три победи по ред.
Широка е лепезата на игри на коишто може да се обложите, а во понудата на Sport Life има и 39-мина играчи за кои може да погодувате колку поени ќе дадат. Има и 20-мина играчи за погодување на број на скокови, а 18-мина играчи се во понудата за број на асистенции.