Интересна комбинација: Пет меча од пет различни земји

1361 Мајорка – Атлетик Билбао (21 ч.)

Мајорка е на последното место кое носи опстанок во Примера дивисион и секој бод е важен во битката за останување во елитата. Атлетик ја има втората најдобра одбрана само со 18 примени гола, а тоа е и тимот кој се специјализира за нерешени дуели (сезонава имаат 10 ремија).

Традицијата на овие два тима вели дека на осум од последните 10 дуели, немало повеќе од два гола, а ако се знае дека и сезонава играат дефанзивно, тогаш може и еден момент да биде решавачки.

Предлог тип: 0-2 (1.54)

 

1017 ВБА – Блекбурн (21 ч.)

Двете екипи се во лоша форма. ВБА во последните осум меча има пет порази, две нерешени и само една победа. Блекбурн е со три порази, едно реми и само една победа во последни пет дуели, па затоа го загуби и второто место на табелата.

ВБА сезонава дома има само еден пораз во 14 средби, што е доказ дека ретко губи. На последните пет меѓусебни дуели, двата тима постигнувале барем по еден гол

Предлог тип: 1Х&3+ (2.80)

 

1959 Адана – Бешикташ (18 ч.)

Адана игра одлично сезонава, посебно на домашен терен, каде што има гранитна одбрана. Во 11 меча примиле само шест гола и ниту една друга екипа нема подобра дефанзива.

Бешикташ има само две победи во 12 гостувања, но турскиот гигант е во добра форма и осум средби е без пораз.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.20)

 

1650 Јонг ПСВ – Јонг Утрехт (20 ч.)

Холандската втора лига е дефиниција за голови. Јонг ПСВ во 25 меча има гол разлика 43:36, односно биле постигнати вкупно 79 погодоци, што значи просек од три погодоци на меч.

Јонг Утрехт во 25 меча исто така има просек од три погодоци на меч, а традицијата на меѓусебните средби на овие две екипи вели дека на шест од последните седум меча било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.77)

 

1830 Викторија Келн – Оснабрик (19 ч.)

Дуел од третата германска лига во кој Викторија мора да брка бодови за да не отиде во зоната за опстанок. Оснабрик се бори за позиција која води во повисок ранг и сигурно ќе игра офанзивно на овој меч.

Во првиот дел од сезоната, Оснабрик лесно победи со 3:0, но сега Викторија сигурно ќе даде поголем отпор.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести