На Интернет се појави една мапа на Европа која е исполнета со црвени точки, а тие точки не се туку-така нафрлани, туку претставуваат приказ колку во една земја фудбалот е важна работа за луѓето. Изработувачот на мапата, Филип Гертнер, тврди дека секоја точка е всушност еден фудбалски стадион.
Гертнер за својата графика користел податоци за секоја од европските земји, и сака да покаже каде има најмногу стадиони, што индиректно значи и колку таму фудбалот е важен.
Како што може да се види на мапата, во Македонија нема премногу „црвенило“, освен во скопско-кумановскиот, тетовскиот и прилепскиот регион, додека истокот, централниот дел и крајниот запад се сиромашни со терени.
Масовноста на стадиони на Балканот и Источна Европа е помала отколку во Германија, Италија, Франција и изненадувачки во Средна Европа, а и Шпанија како фудбалска земја не е меѓу оние со најмногу стадиони, но така е затоа што во Шпанија има делови каде нема градови, па нормално е во тие предели да нема ни стадиони, за разлика од Мадрид и регионите Каталонија, Андалузија или Баскија.